Tags: , , ,
Audi Skysphere (со видео)

Дизајнирање на иднината

» Skysphere е првиот од трите концепта со кои Audi ги најавува новите дизајнерски насоки за блиската иднина. Се работи за двосед со електричен погон и една неочекувана особеност – променливо меѓуоскино растојание кое само со притисок на едно копче го трансформира од класичен спортски автомобил во комфорен GT, зголемувајќи му ја должината од 4,94 на 5,19 метри. Ширина му изнесува округло два метра, а висината само 1,23 метри. Дизајниран е во американското студио на Audi чии дизајнери инспирацијата ја имаат најдено во родстерот Horch 853 од пред втората светска војна. Се истакнува со осветлената маска и атрактивната силуета со исфрлени рамења кои заедно со 23-инчните тркала му даваат мускулест изглед, а место задна врата има стаклен поклопец на багажникот.

За погон е задолжен еден електромотор на задната оска со 632 KS и 750 Nm кој ќе го забрза до 100 km/h за 4 секунди, додека батериите од 80 kWh обезбедуваат автономија од 500 km. Ентериерот со екран од 55,7 инчи има две различни поставки кои ги истакнуваат двата различни карактера на Skysphere за кој во форма на GT турер е предвидено автономно возење, а со избирањето да биде спортски автомобил се менува изгледот на кокпитот и се појавуваат управувачот и педалите.

Дали Audi Skysphere ќе стане сериски производ не треба да прашувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *