Tags: , , ,
Највисока оценка од EuroNCAP тестовите за новиот Kia Sorento

Пет ѕвездички за Sorento

» Новиот Kia Sorento е награден со највисока оценка за безбедност од страна на EuroNCAP. Целокупната постава на Sorento, вклучувајќи ја и плаг-ин хибридната изведба, постигна максимален рејтинг со пет ѕвездички од водечката европска независна организација за тестирање на безбедноста. Автомобилот постигна 82% за заштита на возрасни патници, 85% за заштита на деца, 63% за заштита на пешаци и 87% во категоријата безбедносни асистенти.

Euro NCAP го пофали Sorento за безбедноста на патниците, како и неговата можност да понуди добра заштита за сите критични области на телото при тестот на со удар во страничната бариера. Тестовите за седишта и потпирачите за глава покажаа добра заштита на патникот од повреда на рбетот во случај на судир на задниот дел. Стандардните безбедносни системи за асистенција исто така беа пофалени дека добро реагираат и му овозможуваат на автомобилот да одбегне несакани ситуации.

На оценката влијаела и напредната шасија што е за 12,5% поцврста од „безбедносниот лидер“ во сегментот на Sorento. На секој модел се вградени седум воздушни перничиња, вклучувајќи го и новото воздушно перниче помеѓу патниците во првиот ред, како и нова иновација што обезбедува дополнителна заштита на главата за патниците.

Пабло Мартинез Масип, директор за планирање и цени на производите на Kia Motors Europe, коментира: „Новиот Kia Sorento е простран, ефикасен и висококвалитетен SUV за седум патници, а сопствениците можат да бидат уверени дека нуди високо ниво на безбедност. Новиот модел веќе се покажува неверојатно популарен меѓу семејствата, кои се импресионирани со неговиот дизајн и перформансите. За нас безбедноста е висок приоритетпа затоа сите технологии во Sorento се дизајнирани да ги намалат шансите за судир и да ги заштити патниците доколку судирот е неизбежен“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *