Tags:
MG пристигнува во Македонија

Од Велика Британија преку Кина до нашиве простори

» Легендарната марка MG која потекнува од Велика Британија и во своите гени ја содржи традицијата на врвно изработени автомобили со рекордни перформанси, сега ни пристига реинкарнирана со модели кои се олицетворение на современите технологии и иднината на авто-индустријата. Со такви зборови Grand Automotive Adriatic ги претстави своите амбициозни планови за воведување на британската марка која е во сопственост на кинескиот SAIC на пазарите од јадранскиот регион каде годинава е предвидено да бидат отворени 20 продажни и сервисни центри, а наредната уште толку. Почетокот на продажбата на возилата од оваа марка во Хрватска и Србија е планиран за 1 јули, а во Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија на 1 септември. Дел од нив сепак почнувајќи веќе од наредните денови ќе може да се разгледаат во автомобилскиот центар на Ми-Да Гранд Моторс.

Понуда на MG ги вклучува првиот електричен караван MG 5, Б-SUV моделот ZS во бензински и електрични верзии, Ц-SUV моделот EHS во плаг-ин изведба и новиот електричен SUV Marvel R. Сите модели доаѓаат со гаранција од 7 години и 150.000 km. Сите возила се произведуваат во Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *