Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>12 февруари 1908 година

Најдолгата трка во историјата

» Инспирирани од големата авантура Пекинг-Париз, неколку месеци после неа Американците ја организираа најдолгата трка во историјата. Стартот беше на денешниот ден 1908 година од Њујорк, од каде шесте тима требаше да стигнат најбрзо што се може до Париз, ама од другата страна на планетата – преку Америка, Азија и Европа. Првата дестинација беше Алјаска од каде требаше да преминат во Сибир преку Беринговиот проток, ама откако сфатија дека тоа не е можно, со брод се префрлија до Јапонија и после до Владивосток. Учествуваа по еден екипаж од САД, Италија и Германија и три од Франција. Во кави услови возеа не може ни да се замисли – ќе споменеме само дека на некои места морале да поминуваат и по стотици километри возејќи по железничка пруга бидејќи немало никакви патишта. Французите отпаднаа уште во првиот дел низ Америка, а во Париз прв, на 26 јули, пристигна германскиот тим. Но бидејќи некое време автомобилот го пренесувале со воз, им беше одредена казна од 30 дена по што официјални победници беа Американците на кои им требаа четири дена повеќе. Третиот тим, италијанскиот, на целта пристигна дури во септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *