Tags: ,
Audi Q6 официјално претставен

Само за Кина

» Голем, за влакно поголем од Q7 – тоа е новиот Audi Q6 кој марката го подготви само за Кина. Најголемиот нивни модел кој нема никаква поврзаност со претстојниот Q6 e-Tron всушност е ребрендиран Volkswagen Teramont, односно Atlas како што е познат во САД. Долг е 5.099 и широк дури 2.014 mm, а има меѓуоскино растојание од 2.980 mm. Во луксузна кабина има три реда седишта, по две на секој ред, а ако патуваат двајца се претвора во вистинско доставно возило со простор за товар од 2,4 кубни метри. Богатството опрема и пофината завршна обработка го кријат неговото непремиум потекло, за што за никој да не се посомнева се имаат потрудено и дизајнерите. Сепак тешко е да не се забележи дека линиите се помалку пропорционални и доследни како кај европските модели на марката, но тоа на Кинезите не им пречи. Тие ќе бидат задоволни од дволитарскиот TSi мотор со 265 коњски сили, а оние со поголеми очекувања ќе го изберат со 2,5 литарскиот шестцилиндричен агрегат со 300 KS, Quattro погон и DSG автоматика. Цените стартуваат од високи за Кина 75.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *