Не е на Тито!
» Доколку некој е заинтересиран и има 285.000 долари, ова е вистинската прилика – на eBay се појави Mercedes 600 Pullman од 1965 година, еден од двата на времето увезени во Кина. Државничката лимузина му припаѓала на некогашниот министер за надворешни работи Чен Ји. Токму оваа функција му дозволила да се дрзне и да го набави автомобилот кој и тогаш и сега е статусен симбол на капиталистичкиот свет, но немал многу време да се дружи со него бидејќи бил обвинет за нелојалност кон државата, по што вредниот Mercedes завршува во депоата на производителот на автомобили SAIC. Откриен е случајно во 90-тите години од еден германски инженер кој дошол таму да работи за Volkswagen. Успеал да го откупи и прати во Германија, по што неколку пати е препродаван. Има поминато 21.186 km, а дека е во одлична состојба не треба да се споменува.
коментари