Tags: , , ,
BMW Isetta (1955-1962) – 16*видеа, 58*фотографии

Мало автомобилче со голема душа

» Практично отсекогаш познат како производител на луксузни автомобили, во историјата на BMW е забележано дека ова мало автомобилче помогна компанијата да преживее после втората светска војна. Имено, освен што како производител на авионски мотори нејзините постројки беа честа мета на сојузничките бомбардери, тие беа разделени во двете новоформирани држави – во Западна Германија остана да работи само фабриката за мотоцикли. Плус на тоа, окупациските сили не дозволуваа BMW да произведува што сака. Затоа и кога властите малку ги олабавија мерките, заради малите капацитети се чинеше единствено логично да се произведуваат луксузни возила на кои фабриката можеше да наплаќа високи маржи.

Но за нив немаше многу купувачи. Тие бараа мали и евтини возила за чиј развој, пак, BMW немаше ресурси. Соочувајќи се со реалноста, управата на компанијата го најде решението во околината на Милано, каде во 1953 година италијанска фабрика Iso разви возилце на половина пат меѓу мотоцикл и автомобил. Наречено Isetta, тоа беше долго 2,4 метри, имаше мал мотор од мотоцикл сместен назад, тркала од скутер од кои задните поставени блиску едно до друго и една единствена врата однапред која за да влезат двајцата патници се отвораше заедно со ветробранското стакло и управувачот. Но, Isetta не наиде на плодно тло во Италија и компанијата ја понуди нејзината лиценца на странски фирми.

Се најдоа повеќе заинтересирани, меѓу кои и BMW, кој ја редизајнираше и го замени италијанскиот мотор со свој, кој имаше 12 коњски сили со кои постигнуваше 85 километри на час. Во Германија можеше да се вози со дозвола за мотоцикл и успехот се наѕираше. Наредната 1956 година  Isetta доби поголем мотор и една коњска сила повеќе, со кој таа го најде патот и во извоз. Се произведуваше сé до 1962 година, до кога беа направени 161.728 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *