Tags: , , , ,
Toyota bZ4X со управување преку жица

Интересно, нема што!

» Но во исто време и застрашувачко – што ако се случи банален дефект на електричниот систем и прегоре осигурувач за време на возењето? Од Toyota велат дека такво нешто нема да биде можно, а ние треба да им веруваме бидејќи ги произведуваат најквалитетните возила. Според нив, Steer-by-wire системот за управување преку жица без механичка врска е технологија која му дава на возачот поголема контрола и попрецизен одзив во согласност со брзината на возилото и свртеноста на тркалата, односно управувачот. А самиот тој повеќе не е кружен, туку налик на оној кој Tesla за Model S го нарече јарем.

Самиот модел концептно наречен bZ4X е направен во соработка со Subaru и ќе биде поставен на новата модуларна платформа e-TNGA, од чија ознака се гледа дека е наменета за електрични возила. Се карактеризира со долго меѓуоскино растојание и мали превиси, со што се добива поголем простор за патниците. Тоа овозможува и подинамична силуета, на која дизајнерите на Toyota и доделија мускулести и атрактивни линии налик на актуелните од Lexus. Освен дека ќе има погон на сите тркала детали за моторизацијата нема, но бргу-бргу ќе ги дознаеме бидејќи производството на серискиот модел што ќе произлезе од концептот е закажано за средината на идната година.

Да споменеме и дека буквите ознаката bZ во ознаката се кратенка од Beyond Zero, што ќе биде серија од 7 (од вкупно 15-те) електрични модели кои Toyota планира да ги претстави до 2025 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *