Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>15 ноември 1977 година

Бројка за почит

» На денешен ден 1977 година Ford во својата фабрика во Њу Џерси го произведе 100-милионитиот автомобил во САД. Јубилејниот автомобил беше од свежо претставениот модел Fairmont во Futura „купеоидна“ изведба со две врати, кој беше испратен на славеничка тура низ земјата. Овој модел за Ford кој се нудеше како седан со две и четири врати, караван и спортска налик-на-купе изведба добро се продаваше и покрај застарената конструкција со погон на задните тркала, слаби мотори со силина во распон од 85 до 136 коњи од кои повеќето беа со брегаста оска од страната а менувачите, скоро сите – и мануелни и автоматски, со три степени на пренос. Издржа само една генерација на пазарот но сепак со својот напреден коцкаст изглед имаше влијание на насоката во која тргна дизајнот на марката, но и на другите американски автомобилски производители. Но значењето на конкретно овој автомобил големо бидејќи бројката од 100 милиони е за секоја почит, посебно кога се знае дека се однесува само на возилата произведени во САД – во тоа време Ford глобално имаше произведено нешто помалку од 150 милиони возила, а во моментов граби кон бројката од 400 милиони произведени возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *