Исклучете го телефонот и пуштете ги звучниците докрај
» Ferrari 250 GTO важи за еден од најславните модели на марката. За него колекционерите плаќаат повеќе од богатство – во 2018 година еден од само 36-те произведени примероци е продаден за дури 70 милиони долари, што е рекордна сума платена за автомобил. Затоа и ретки, ептен ретки се тие што имаат можност да го возат, и тоа на ридска патека. Како изгледа (и звучи) тоа, погледнете во видеото.