Tags: , ,
Mercedes E-класа W210 (1995-2008) – фото галерија

Го освои светот со своите очи

» После сериите 123 и 124, Mercedes важеше за производител на квалитетни и издржливи автомобили, што потсвесно се поврзуваше со поимот застарени. За да го ресетираат јавното мислење Германците мораа да подготват нешто револуционерно ново, нешто спектакуларно. И смело го сторија тоа – после седум години развој, во 1995-тата светот ја здогледа новата W210 E-класа со нови очи. Радикално различна од сé што можеше да се очекува од германската компанија, таа донесе и поинаков пристап нудејќи се во три моделски верзии и опрема – Classic, Elegance и Avantgarde со суптилни но добро осмислени разлики.

Продажбата стартуваше со осум различни мотори со четири, пет, шест и осум цилиндри – пет бензински и три дизела, со распон на силината од 95 до 279 KS, а набргу следеше и моќната AMG верзија со 347 KS. Под аеродинамичната кожа се криеја мноштво технологии, кои Mercedes за сите осум години колку се произведуваше постојано ги надградуваше и модернизираше. Меѓу другото, оваа Е-класа е и првиот модел на марката со дизел мотор со директно вбризгување и ксенон светла. За оние кои сакаа многу да патуваат на располагање беше караванската верзија со незграпен заден дел во кој имаше неверојатни 1.975 литри простор за багаж, додека купе и кабриолет изведбите се издвоија во посебен модел кој доби ознака CLK.

Реакцијата на купувачите беше како цунами – со просечна продажба поголема од 200.000 возила годишно и во некои земји пазарно учество во својата класа поголемо од 40%, W210 E-класата се етаблираше на ниво недостижно за ривалските модели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *