Tags: , , ,
Yamaha го обнови MT-09 за 2021 година (видео)

Повеќе сила, помала тежина

» Подготвувајќи го новото издание на својата силна трицилиндрична машина за идната моделска година, Yamaha го промени скоро секој дел. Со тоа MT-09 доби повеќе сила и помала тежина со кои подобро го истакнува својот карактер. А тој доаѓа од новото, сега Еуро 5 срце со работна зафатнина од 890 кубни сантиметри, кое испумпува 117 KS и 93 Nm максимален вртежен момент достапен на 7.000 min ⁻¹.

Од другото тука се делтабокс алуминиумската рамка, радикално поинаквата задна исто така алуминиумска вилушка, KYB ослонувањето со целосно подеслива вилушка напред, Nissin сопирачките… Сето тоа заедно со помалата тежина на моторот е заслужно што овој мотоцикл тежи 189 kg, кои ветуваат адреналински перформанси. Она што ќе привлече најголемо внимание е посовремениот пакет електроника со инерцијална мерна единица, контрола на пролизгувањето и ABS. Инструмент таблата е 3,5 инчна TFT, а во пакетот стандардно е и квикшифтер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *