Сега и официјално
» Американскиот производител Shelby SuperCars, односно SSC North America по ново, веќе не може да крие – Tuatara е најбрзиот сериски произведуван автомобил во светот. Овој уличен суперболид на затворен пат во Невада постигна максимални дури 331,15 милји на час (532,93 km/h), додека просечната брзина потребна од двете возења изнесува 316,11 мила на час, односно 508,73 km/h. Тоа го стори со помош на 5,9 литарскиот твин-турбо V8 мотор со 1.750 KS, кој како погонско гориво користи Е85 етанол.
Погледнете во видеото како тоа изгледаше од гледна точка на возачот.