Tags: , , , ,
Volkswagen го проширува своето царство

И Navistar International под капата на VW

» Групата Volkswagen е на чекор да стане 100-отстотен сопственик на американскиот производител на камиони Navistar International. Филијалата за комерцијални возила на VW, Traton, веќе има удел од 16,8 проценти во Navistar, кој таа од јануари сака да го зголеми. Тогаш на Американците им понудија по 35 долари за акција за да го откупат преостанатиот дел, кој овие глатко ги одбија. Traton во септември излезе со нов предлог од 43 долари, за што раководството на Navistar повторно не се изјасни позитивно, за на крај тие самите да побараат 44,50 долари, што Германците веднаш прифатија да ги платат. Така, откако преземањето тешко над 3,7 милијарди долари ќе биде реализирано, на Scania, MAN и бразилскиот Volkswagen Caminhões e Ônibus во ќе им се придружи и овој американски производител на камиони и автобуси основан 1902 година.

Traton кој располага со 29 фабрики во 17 земји, лани продаде 242.000 возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *