Tags: , ,
Bentley Mulliner Batur: Сé уште со W12 под хаубата (2*видео)

Најмоќниот Bentley досега го најавува новиот дизајн

» Bentley Mulliner Batur чини 1,65 милиони фунти без давачки и опции, но не може да се купи – сите 18 се распродадени. Но не по таа цена – секој примерок од овој автомобил кој можеби е еден од последните со W12 мотор може да биде персонализиран на безброј начини, точно онака како купувачот сака. Скоро сé може да се смени – единствените ограничувања се само фантазијата и бројот на нули на банкарските конта на идните сопственици. Можностите за персонализација се толку големи што некои елементи можат да бидат изработени и од 18-каратно злато.

Но, мисијата на овој автомобил не е да биде посластица за колекционерите – тој треба да се третира како најава за новиот дизајн на возилата на Bentley, оние кои ќе бидат електрични. Или барем електрифицирани – тоа допрва ќе го дознаеме. Она што сега го дознавме е дека Mulliner Batur е најсилниот Bentley во историјата кој со своите 740 KS и 1.000 Nm можеби симболично ќе ја испрати во пензија W12 централата под хаубата. Или барем ќе го најави тоа, како прв чин од простувањето на шестлитарскиот монструм кој на овој спектакуларен автомобил ќе му обезбеди перформанси во кои не треба да се сомневаме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *