Пет пати побрзо за опасност
» Светлата за предупредување и итни случаи, односно четирите трепкачи, веќе од идната година би можеле да добијат нов режим на работа. Имено, компанијата Emergency Safety Solutions која се занимава со безбедносни решенија во сообраќајот смета дека со промена на фреквенцијата на палење и гаснење на трепкачите драстично ќе се подобри нивната улога за предупредување. Нивниот предлог е таа да изнесува 5 Hz, односно пет пати побрзо од досега, што е фреквенција која човечките очи и умот најдобро ја перципираат – погледнете го видеото и уверете се и сами во тоа. Овој режим на работа би се активирал рачно кога возилото стои со притискање на копчето два пати, како и автоматски во сите опасни ситуации како на пример нагло кочење. Доколку возилото продолжи да се движи, тој сам би се деактивирал.
Светлата за предупредување и итни случаи прв пат се воведени во автомобилите во 1951 година и оттогаш не се менувани. Законот предвидува кога треба да се користат, но не и како да работат. Заради лошата црна статистика која оди во погрешен правец постојат реални шанси иницијативата на Emergency Safety Solutions уште идната година да добие законска поддршка во САД. Таму во сообраќајни несреќи заради возило кое стои годишно се инволвирани 72.000 луѓе и се прави штета од 9 милијарди долари.