Tags: , ,
Мобилните телефони причина за голема загриженост

Без мобилни за време на возењето!

» Популарноста на апликациите како што се FaceTime, WhatsApp, Viber, Snapchat и другите си го зема својот данок – според анкетата на кралскиот автомобилски клуб RAC 18 отсто од младите возачи до 24 години во Велика Британија признале дека за времена возењето вршеле видео повици, што е процент кој е повеќе од двојно поголем отколку кај останатите старосни група. Уште пофрапантно е тоа што анкетата во која биле вклучени повеќе од 3.000 лица открива уште и дека девет отсто од нив играле игри на телефонот за време на возењето!

Од друга страна, пак, 79 отсто од возачите поддржуваат воведување камери со кои ќе се идентификува користење на телефон за време на возењето, што е технологија која веќе постои во Австралија бидејќи апелите на полициските службеници не се доволни. За да се подобри безбедноста на сите нас, потребно е да се смени свеста и користењето на мобилни телефони за воланот да се третира еднакво неприфатливо како и возењето под дејство на алкохол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *