Денешниот ден во ретровизор <br/>5 август 1882 година

Кој навистина беше прв?!

» На денешен ден 1882 година, два ипол месеца пред Карл Бенц и скоро година и половина пред Готлиб Дајмлер, италијанскиот инженер Енрико Бернарди патентираше мотор со внатрешно согорување кој го има инсталирано во машината за шиење на ќерка му. Во 1984-тата, повторно пред Бенц да го претстави својот прв автомобил, Бернарди го вградува овој мотор во трициклот на неговиот син. Самиот мотор беше многу мал, четиритактен водено ладен, со еден хоризонтално поставен цилиндар со работна зафатнина од 122,5, максимални 0,024 коњски сили кои ги остваруваше при 200 вртежи во минута и тежина од 10 километри, а се напојуваше со гориво од резезервоар од два децилитри сместен покрај картерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *