Tags: , , ,
Cupra започна со производството на Formentor (видео)

Клучен модел на стратегијата за глобализација на марката

» Cupra започна со производство на Formentor, кој е прв модел ексклузивно направен за оваа засебната спортска марка на Seat. Подготвен за излегување на пазарот идната недела за почеток само со бензински 310 коњски сили и цена од 44.920 евра во Шпанија, тој е шести модел кој се произведува во фабриката во Марторел. Вкупно за неговото производство беше потребен ангажман на 3.000 работници, кои поделени во три смени на почеток ќе произведуваат по 160 возила дневно.

Formentor е клучен модел на стратегијата на Шпанците за глобализација на Cupra. Со него оваа нова марка а преку неа и Seat планира да се зацврсти на главните европски пазари, да влезе во најелектрифицираните земји како што е Норвешка и да го прошири интерконтиненталното присуство на нови латиноамерикански пазари, во Турција, Израел и други земји. Се придружува на Ateca и Leon, кои од 2018 година кога е основана па до денес освоија 55.000 купувачи, што е далеку над почетните очекувања. Сега на ред е електрификацијата на гамата, која ќе пристигне во вид на плаг-ин изведбите на Leon пред крајот на годинава и Formentor на почетокот на идната. После нив следи и el-Born, кој ќе биде првиот целосно електричен модел на Cupra, од која се очекува на салдото на Seat да носи милијарда евра годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *