Tags: , ,
Француско-германска електрична коалиција

Под диригентската палка на Еуроимпекс

» Синергично настапувајќи на македонскиот и околните пазари под диригентската палка на Еуроимпекс, Peugeot и Opel покажаа зошто се доминантни со своите гами на електрични и плаг-ин хибридни возила – генералниот увозник за двата бренда заедно со претставниците на дилерската мрежа во природен амбиент пред ресторанот Камник организираше дружење со еколошките возила на француско-германска коалиција. Импресивно беше друштвото од 10 електрични и плаг-ин хибридни возила, во исто време и на исто место, давајќи акцент на широчината и изборот кој го нудат гамите на двата бренда.

Добро е позната стратегијата на компанијата Stellantis која се покажува како високоуспешна меѓу автомобилските гиганти. Кај Peugeot и Opel електричните модели се одликуваат со батерии кои имаат импресивна автономија. Кај овие два бренда, клиентите имаат привилегија да го изберат моделот кој го посакуваат, а потоа да го изберат и погонувањето за моделот кој го сакаат. Па така на пример, кај 2008 или кај Mokka потенцијалните клиенти може да изберат помеѓу бензин, дизел или електричен погон.

Модуларните платформи го нудат луксузот кој клиентите го посакуваат т.е. тие овозможуваат возилото да биде електрично или плаг-ин хибрид, а притоа да се добие внатрешен и капацитет на багажниот простор ист по големина како и кај моделот погонуван од мотор со внатрешно согорување. Кога станува збор за хибридната технологија, Peugeot и Opel во своето портфолио немаат Mild Hybrid (MHEV) или Hybrid (HEV). Двата бренда целат високо и во однос на хибридната технологија се понудува плаг-ин хибрид, кој е врвот на хибридното стебло понудувајќи батерија со најголем капацитет. На настанот ексклузивно и претпремиерно за македонскиот пазар беше изложена и новата Astra со 1.6 PHEV мотор и 225 коњски сили во својата премиерна култ-жолта боја, како и долгоочекуваниот спортски плаг-ин хибриден 508 PSE со 360 КС кој се истакна со својот моќен стил во новата селениум сива боја и динамични детали во криптонит зелена боја.

„Електричните погони целосно ќе ги потиснат моторите на внатрешно согорување и во блиска иднина ќе станат главен двигател на транспортните средства. Ние – Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа веќе активно работиме во насока на имплементирање на промените и иднината секако ја дочекуваме подготвени. Работиме во насока на стоотстотна експертиза и професионалност и се гордееме со нашата богата понуда на електрични и плаг-ин хибридни возила“ – изјави Зоран Серафимовски, извршен директор на Еуроимпекс.

Повеќе информации за моделите и услугите можат да се добијат во салоните на Peugeot и Opel, како и на веб страните peugeot.mk, opel.mk и на дилерските страници. Електрифицираните модели се достапни за нарачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *