Како измислено за кај нас
» Локалните власти во еден кинески град дојдоа до генијално решение како да се справат со оние пешаци кои поминуваат на црвено доколку нема да го почекаат семафорот, ќе бидат испрскани со вода. Таа излегува од жолтите столбови покрај пешачките премини и во целост е безопасна – единственото нејзино влијание е психолошко. За сé да биде во целост со прописите, прво се обратува звучен систем кој ги информира пешаците кога е во ред да ја поминат улицата со зборовите: „Светлото сега е зелено. Ве молиме поминете ја улицата брзо и внимавајте на својата безбедност“. Втората порака, пак, им вели на пешаците да не тргнуваат прерано: „Ве молиме не преминувајте – ќе бидете испрскани со вода“ Трета порака нема – место неа, работат прскалките.