Tags: , ,
Škoda Octavia дизел почиста од електричните автомобили?!

Комплексноста на едно навидум едноставно прашање

» Бомбардирани од сите страни со тврдењата дека електричните возила имаа нулти емисии, од европските власти поддржаната но сепак независна Green NCAP организација која се бави токму со емисиите на автомобилите и нивното влијание на климата излезе со малку поинакви податоци. Имено, за сите што потемелно го сфаќаат прашањето за емисиите на возилата не е некое изненадување дека семеен дизел автомобил може да биде почист од електрично возило. До ова сознание експертите од Green NCAP имаат дојдено по досега најсериозната анализа на проценката на вкупните емисии што еден автомобил ги предизвикува, почнувајќи од неговото производство преку проценетиот животен век од 240.000 поминати километри или 16 години старост до рециклирањето кога ќе му дојде време за отпад.

А тие велат дека иако електричните автомобили имаат нула емисии во текот на експлоатацијата, заради нивното производство и производството на струјата што ја трошат на крај не испаѓаат почисти од конвенционалните автомобили на бензин или, не дај боже, дизел. Но, бројките се бројки а тие покажуваат дека на пример електричниот Ford Mustang Mach-E ќе продуцира поголеми емисии на CO₂ во вкупниот циклус од производството до рециклирањето отколку Škoda Octavia во дизелска караван изведба бидејќи ќе ангажира многу повеќе енергија, ако се гледа просечниот европски микс на електрична енергија во кој се опфатени сите извори за нејзино производство – нуклеарките, хидро и термоелектраните, ветер, сонце…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *