Стара гарда
» Малкумина имаат слушнато за францускиот производител на камиони Berliet, од кој после спојувањето со Saviem во 1974-тата настана Renault Trucks, a уште помалку дека токму оваа компанија го има направено некогаш најголемиот камион во светот, со ознака T100. Има тежина од 50 тони и носивост исто 50 тони, долг е 15, широк 5 и висок 4,45 метри. Се задвижува со 30-литарски Cummins V12 дизел со 600 или 700 KS кои се пренесуваат преку 4-степена хидраулична трансмисија, додека за запирање се грижат по 4 диска на секое од 6-те тркала на кои се монтирани пневматици високи 2,2 метри. Карактеристика му е и тоа што за погон на серво пумпата за системот за управување се користи посебен Panhard мотор. Конструиран е за само 9 месеци, а од 1957 до 1959 година направени се 4 примероци – овој што го гледате е вториот.