Tags: ,
Треба да ти текне (фото-галерија)

Како да се пренесе 360-тонски товар преку мост?!

» Со повеќе од 50-годишнито искуство, компанијата Barnhart Crane & Rigging од Тенеси не е почетник во бизнисот со специјални транспорти, заради што знаат да кажат дека за нив ниту еден предизвик не е преголем. Но сепак против законите на физиката не се може, посебно не кога 360-тонски товар треба да се пренесе преку мост. Се работи за уред долг 60 метри за рафинерија во Тексас, кој е превезуван некои 80-тина километри. За тоа се употребени два камиона и две 12-осни приколки формирајќи конвој долг скоро 100 метри. Тексас рамен како тепсија не би бил никаков предизвик за вакви нешто да нема реки и мостови преку нив. А нив, се разбира, никој не ги проектирал да издржат толку. Но сепак можат да издржат половина од тоа – фотографиите покажуваат како во Barnhart го решија проблемот со поминувањето на тешкиот товар преку мостовите. Цената мораа да ја платат десет сообраќајни знаци кои беа отстранети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *