Tags: , ,
Audi A9 е-Tron

Контра-одговор на Mercedes EQS

» Блиската автомобилска иднина бездруго ќе биде електрична, што е заеднички став на сите производители кои сакаат да останат во глобалната игра. Затоа и Audi во своите планови предвидува до 2024 година да претстави 20 модели кои ќе се движат само на електрична енергија. Во тие планови се предвидува и дебитирање на големата лимузина A9 е-Tron која би била знаменосец на марката. Иако сé уште е рано да се шпекулира со изгледот, може да го наследи дизајнот на концептот Aicon од 2017 година, чии стилски решенија сé уште не се раширија низ сериската гама на Audi. Тука пред сé се мисли на големата стаклена површина која драматично отскокнува од стилот на актуелниот А8, иако се верува дека меѓуоскиното растојание ќе биде идентично со него. За техничките специфики сé уште никој не истрчува со конкретни бројки, но се знае дека како основа ќе биде искористена платформата на e-Tron GT и Porsche Taycan, што само по себе кажува за електричните перформанси.

Моментално во оваа класа сé уште нема конкуренти, но тие веќе наголемо се тестираат, па затоа ќе биде интересно да се види дали Mercedes EQS и електричните верзии на Jaguar XJ и идната серија 7 на BMW ќе останат на класичните интерпретации на луксузни седани или пак ќе направат некој дизајнерски исчекор каков што планира Audi.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *