Tags:
Мерач на проток на воздухот (видео)

Едноставен уред кој знае да направи големи проблеми

» Веќе самиот назив кажува дека се работи за уред кој го мери протокот на воздух, односно количината воздух која ќе биде всисана во моторот. Работи на принципот што одредена количина воздух предизвикува одредена температурна промена во неговиот мерен дел. Електрониката на уредот ги мери тие промени и ги испраќа кон контролната електроника на моторот. Таа понатаму ги регулира количината на гориво што треба да се вбризга, работата на турбо компресорот, вентилот за поврат на издувните гасови и низа други параметри со кои се влијае  на соодносот на гориво и воздух а  со тоа и на исправната работа на моторот. Местопозицијата на овој уред скоро секогаш е после филтерот за воздух на всисната цевка према моторот заради одржување на неговата чистота бидејќи се работи за чувствителен уред кој не е имун на нередовната замена на филтерот за воздух или други нечистотии во всисната цевка.

Неисправен мерач на проток на воздух може да предизвика:
– губење на силата на моторот со или без вклучена контролна сијаличка за неисправност во работата на моторот
– зголемена количина чад во издувните гасови
– прекинување на работата на мотор без можност за негово повторно задвижување

Со текот на времето овие уреди беа постојано усовршувани така што проблемите што ги создаваат кај поновите мотор се многукратно намалени, до ниво што се случува да се изврши нивна замена дури и кога причините за неправилностите во работата на моторот лежат во нешто друго. Методите за испитување и откривање на евентуалните неисправности на мерачот на протокот на воздух се едноставни, но некогаш треба доста време за подготовка и извршување и по правило се дефинирани од производителот на возилото или уредот, а може да се направат само во стручен сервис со обучен персонал. Во спротивно, со нестручно ракување, можно е да дојде до оштетувања не само на мерачот на протокот на воздух туку и на електронските компоненти на возилото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *