Tags: , , ,
Kawasaki го лансираше Versys 1000 S (видео)

Авантурите повикуваат!

» Подготвен да го дефинира вашиот животен стил и да ви овозможи да ги остварите желбите за откривање далечни дестинации, новото специјално издание на Kawasaki Versys 1000 со ознака S доаѓа со многу исти карактеристики кои се покажаа добри кај SE но и некои нови нешта. Најголемата разлика е електронски подесливото Showa ослонување со Skyhook технологија која обезбедува поголем комфор и подобра динамика во возењето. Тука се и новата мултифункционална TFT инструмент табла, електронскиот темпомат, можноста за поврзување со смартфон, ЛЕД светлата, загреваните рачки и друго.

Овој мотоцикл е задвижуван од реден четирицилиндричен агрегат со зафатнина од 1.043 cm³, кој испорачува 120 KS при 9.000 вртежи во минута и 102 Nm максимален вртежен момент достапен на 7.500 min⁻¹. Цената му изнесува 16.300 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *