Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>23 октомври 2007 година

Законот за Volkswagen прогласен за незаконски

» Овој закон беше донесен во 1960 година кога Volkswagen се приватизираше и со него беше предвидено дека ниту еден акционер не може да има повеќе од 20 отсто од правата на глас дури и ако поседува повеќе акции од тоа, како и дека за донесување на битните одлуки се потребни 80 отсто од гласовите на акционерите. Ова можеби и ќе беше во ред германската сојузна покраина Долна Саксонија да не поседуваше точно 20,2 проценти од акциите на VW, со што таа двојно беше заштитена – настапуваше како мнозински акционер и во исто време без нејзиниот глас не можеше да биде донесена ниту една битна одлука, како што се измените на статутот и промената на сопственичката структура. Откако европскиот суд на правдата утврди дека овој закон со полн назив закон за пренос на акциите на друштвото со ограничена одговорност Volkswagenwerk во приватни раце е протекционистички и во спротивност со заложбите за слободно движење на капиталот, се отвори патот семејниот Porsche холдинг да стане мнозински сопственик на VW.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *