Tags:
Како сами да го исчистите клима-уредот (2*видео)

Отстранете ги непријатните мириси и влагата

» Препорачливо е системот за климатизација еднаш годишно да се исчисти од мувлата и бактериите кои се насобираат во него, заради кои патниците може да развијат симптоми слични на настинка. Доколку се решите сами да го направите тоа ќе ви треба посебен спреј за таа намена. Спрејот треба да се постави на подот кај совозачкото седиште, под него да се стави поголема крпа и да се активира. Клима-уредот треба да се вклучи и постави на рециркулација на воздухот, да се затворат сите врати и да се остави моторот да работи околу 15 минути.

Чистењето на клима уредот може да се изврши и со посебна пена, но тоа е малку покомплицирано. Имено, треба да се извади филтерот на климата и помал дел од содржината на пената да се испразни на испарувачот а поголем во сите вентилациски отвори со помош на цевчето кое се добива со пената и кое е потребно што подлабоко да се вметне во отворите за вентилација. Се остава пената да делува половина час по што се вклучуваат моторот и клима уредот подесен на најсилно. Треба да се внимава сите отвори за вентилација да бидат отворени.

Не треба да се заборави ни дека е препорачливо филтерот за кабината да се менува два пати годишно, што многу ретко кој го прави. Ако заборавите, тогаш напролет задолжително – нечистотиите кои се насобираат во него ги намалуваат протокот на воздух и ефикасноста на работата на системот за климатизација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *