Успешен јапонски спортист кој ја турна Mazda во орбитата
» Беше тоа 1978 година кога инфлацијата повторно се закануваше на светската економија, откако малку спласна после нафтената криза. А токму таа ги предизвика производителите на автомобили да бараат алтернативни решенија за да се соочат со тешките денови за возилата кои имаа големи мотори. Но користењето на ванкел моторот за тоа беше вистинска провокација, бидејќи тој се покажа како голем потрошувач. Mazda сепак сметаше дека има потенцијали и таа 1978-ма една од најинтересните премиери кои стигнаа од земјата на изгрејсонцето беше легендарниот RX-7. Токму заради ванкел моторот тој беше помал и полесен, своевиден пионер на нов вид спортски автомобили. Но најважното од сé, беше забавен за возење бидејќи неговиот компактен но моќен агрегат испорачуваше сила од најниски вртежи.
Првата генерација според многумина единствената вистинска се покажа доста успешна – повеќе од 470 илјади љубители на возењето се одлучија за овој модел пред во 1985-тата да стигне втората генерација која ја зголеми искричавост ана на ванкел моторот со турбо компресор. Продажбата сепак беше преполовена, а со појавувањето на третата генерација во 1992 година продолжи да паѓа со посилно темпо. Сепак впечатокот што RX-7 го остави на луѓето не бледееше – овој успешен јапонски спортист чиј дух послужи и како добар темел за MX-5, ја турна Mazda во орбитата.