Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>2 септември 1959 година

Како Американците замислуваат компактен автомобил

» На денешен ден 1959 година беше претставен Ford Falcon, првиот американски компактен автомобил, долг 4,6 метри. Обиди да се создаде ваква класа возила во САД имаше и порано од помалите производители, но без успех – големата детроитска тројка не размислуваше за помали и поевтини возила нудејќи сé поголеми и погломазни модели. Но откако продажбата на европските автомобили за пет години се зголеми за повеќе од илјада проценти достигнувајќи десет отсто од пазарот, се вклучија алармите. Прв нога повлече Ford со моделот Falcon, кој постигнуваше 140 km/h, и трошеше за Американците доста ниски 13 литри на 100 километри. На публиката беше претставен преку посебен телевизиски канал кој се емитуваше во 21 град ширум САД. Купувачите добро го прифатија, а на механичката основа на неговата втора генерација настана најголемиот феномен на американската авто-индустрија, Mustang.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *