Tags: , ,
Lamborghini Jarama (1970-1976) – фото галерија

Само на ретките познат модел

» Lamborghini Jarama кој беше претставен на салонот на автомобилите во Женева 1970 година е последна еволуција на концептот 2+2 гранд туринг лимузини на марката од Сант’Агата Болоњезе. Технички развиен на основа на претходните модели 400 GT и Islero задржа скоро идентичен механички потпис, додека за убавата силуета се погрижи Марчело Гандини од Carrozzeria Bertone ослонувајќи се на својата визија стилски трендови од ’70-тите, користејќи затегнати и остри линии. Шасијата е обновена, системот за сопирање можеше да се пофали со четири големи диска, сместени зад 15-инчните тркала а моторот сместен напред беше 3,9 литарски V12 кој броеше ​350 коњи, доволни да го растрчаат до респектабилни 260 km/h. Внатрешноста дишеше со луксуз, кожа, клима уред и удобен патнички простор за еден спортски автомобил, со солидно простран багажник. Понудата на Jarama во 1972 година беше проширена со за 15 коњски сили посилната S верзија, која од стандардната се разликуваше по попречниот всисник за воздух на хаубата. Внатре имаше редизајнирана табла со инструменти и поинаку обликувани предни седишта за да се подобри пространоста назад.

Jarama од кој вкупно се направени 328 примероци е важен модел во историјата на Lamborghini – ако не ги сметаме теренските LM002 и Urus тој беше последниот модел на компанијата со мотор сместен напред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *