Tags: ,
Се бројат последните модели на Volkswagen на бензин

Од 2028-тата Golf само на струја

» Завршува ерата на возилата на Volkswagen задвижувани на бензин и дизел – извршниот директор на компанијата Томас Шефер објасни како и кога ќе го започнат своето финално патување кон целосната електрификација до која ќе стигнат во 2033 година. Од тогаш сите модели на VW ќе бидат на струја, а последен кој ќе се појави со конвенционални мотор ќе биде идниот T-Roc планиран за 2025-тата. Пред него уште ќе ги видиме и новиот Passat но само во караванска форма и третата генерација на Tiguan. Заострувањето на стандардите за емисиите веројатно ќе значи крај Polo, а Golf ќе биде сеопфатно реновиран за да остане конкурентен до крајот на својот живот и ќе ги задржи моторите со внатрешно согорување пред во 2028-мата да биде заменет со нов електричен модел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *