Tags: , , , ,
Hispano Suiza Carmen (фото галерија)

Со стил од 30-тите и 1.005 KS

» Годинава салонот во Женева не се одржа, но затоа впечатоците од лани сé уште се силни, благодарение и на вакви оригинални хиперспортисти. Carmen е името на импресивната појава изградена во стил на 30-тите години од минатиот век, креирана од шпанскиот производител Hispano Suiza. Но тој изглед со ништо не ја најавува врвната технологија вградена во автомобилот со прекрасно женско име. Додуша овој облик беше подолго време најавуван преку разни тизери, но малкумина беа склони да веруваат дека и сериската верзија ќе изгледа толку импресивно.

Од техникалиите познато е дека ќе биде задвижуван од два електромотора сместени на двете задни тркала. Тие енергијата ќе ја добиваат од сет литиум-јонски батерии сместени во „грбата“ зад парот седишта. Вкупната силина од 1.005 KS овозможува максимална брзина од 250 km/h, со забрзување кое до сто трае пократко од 3 секунди.

Доколку педалата за гас не се притиска цело време до крај, тогаш автономијата изнесува околу 400 km. Во однос на конкурентите Tesla Model S или Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid кои тежат по околу 2,5 тони, Hispano Suiza Carmen на вага покажува само 1.690 kg. Тоа е различно од мноштвото електрични спортисти кои имаат погон на двете оски, но токму и затоа Carmen е уникат. Таа уникатност дополнително се засилува со продукција на само 19 примероци кои ќе се продаваат по цена од… Непристојно е да се каже колку, нели!?)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *