Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>14 декември 1987 година

Крај на една принудна коалиција

» Откако Chrysler ја откупи компанијата, на денешен ден 1987 година беше произведен последниот автомобил на American Motors Corporation. Настаната во 1954 година со спојување на Nash и Hudson, оваа компанија егзистираше борејќи се со променлив успех против големата детроитска тројка настапувајќи на пазарните сегменти што гигантите ги оставаа непокриени. Со текот на времето под својата капа го згрижи уште и Kaiser Jeep, но не успеа да го издржи пазарниот притисок и побара помош од Renault, кој стана нејзин главен акционер. Заради финансиски проблеми француско-американската приказна сепак не траеше долго и користејќи ја приликата во неа се вмеша Chrysler кого всушност го интересираа само Jeep и дистрибутивниот систем на AMC, што неминовно доведе до гаснење на овој четврти по големина американски производител на возила во тоа време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *