Раѓањето на една легенда
» После претставувањето, првата претсерија и спојувањето на две автомобилски претпријатија за да се обезбедат доволно капацитети, сé беше подготвено за почетокот на производството на малиот народен источногермански автомобил планирано за денешен ден 1958 година. Наречен Trabant P 50, спротивно на врежаното мислење тој беше доста напреден – имаше шасија изработена од едно парче, попречно поставен мотор напред, независно ослонување и каросерија од пластични маси добиена од рециклирани материјали. Единствениот недостаток му беше двотактниот мотор кој имаше работна зафатнина од 499 cm³ и развиваше 17 KS, со кои 3,36 метри долгиот и 620 kg тешкиот автомобил постигнуваше 90 km/h. Производството сепак стартуваше бавно – до крајот на годината беа направени само 1.780 возила, но веќе следната година тоа зеде замав.
Со мали технички унапредувања Trabant P 50 се произведуваше до 1962-рата кога после 131.495 примероци беше заменет со меѓумоделот P 60 кој ја имаше истата каросерија и техничките решенија од моделот 601 кој ние единствено го познаваме како Trabant. Значајно да се спомене е и тоа што за цело време одека се произведуваше цената му остана непроменета – 7.450 источногермански марки.