Tags: ,
На BMW не му се брза

Кога ќе дојде време, тогаш

» Баварскиот производител не го дели целосно електричниот ентузијазам со своите германски премиум колеги – додека Mercedes од 2030 година ќе има само електрични автомобили таму каде пазарните услови тоа го дозволуваат, а Audi од 2026-та веќе нема да лансира возила со мотори со внатрешно согорување, во BMW засега не се подготвени да се откажат од традиционалните погонски групи бидејќи сметаат дека во нив сé уште има живот. Според компанијата транзицијата кон електричните автомобили не може да се случи преку ноќ бидејќи некои прашања треба да бидат решени. А тие, според шефот на развојот Франк Вебер ни малку не се за занемарување: кога системот ќе биде подготвен да ги апсорбира сите тие електрични возила, што е со инфраструктурата, обновливата енергија, дали луѓето се подготвени… Тука е и прашањето на работната сила и нејзина преквалификација за работа на автомобилите на електричен погон, што е сложен процес кој бара многу време и не смее да се форсира.

Стапувањето на Еуро 7 регулативите ќе ги донесат последните големи инвестиции во бензинските и дизел мотори кои со тоа ќе издржат уште некое време во живот, најмалку до крајот на оваа декада, така што според BMW прерано е да се зборува за конечна стратегија за нивно целосно елиминирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *