Tags: , ,
Започнува производството на водородниот BMW iX5 Hydrogen

Електрификацијата на нов колосек

» BMW најави почеток на малосериско производство на iX5 Hydrogen од кој во истражувачкиот центар во Минхен ќе бидат направи стотина прототипи. Овој теренец со погон на водород успешно ги помина тестирањата во шведскиот поларен круг и тие сега преминуваат во нова фаза. Исто така, планирано е возилата до пролетва да бидат користени низ различни региони во светот за демонстрација на технологиите кои на BMW не му се туѓи. Во проектот се вклучени околу 900 луѓе, кои ќе имаат за задача во возилата да постават нов под за сместување на два резервоара за водород во тунелот на трансмисијата и под задното седиште. Електромоторот кој испорачува 374 коњски сили е поставен на задната оска заедно со 400-волтните батерии. Горивните ќелии кои ќе ја произведуваат струјата пак се наоѓаат напред во просторот за мотор.

Комерцијализацијата на овој модел е планирана за 2025 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *