Побрз од самиот себе
» Обидувајќи се да го исполнат ветувањето дека SSC Tuatara ќе достигнува максимална брзина од 300 милји на час (483 km/h), ентузијастите на американскиот производител го дотуркаа својот хиперавтомобил до 295 милји на час (475 km/h). Тие тврдеа дека уште во првиот обид во октомври 2020-тата постигнале дури 316 милји на час (509 km/h), но се појавија сомнежи за тоа заради непрецизности во мерењата. Два месеца подоцна се обидоа да го убедат светот дека не лажат, но имаа проблеми со прегревањето на 5,9 литарскиот V8 со 1.750 коњски сили и стигнаа само до 251 милја на час (404 km/h). Наредниот месец се подобрија постигнувајќи брзина од 283 милји на час (455 km/h), а во мај лани патувајќи кон нов рекорд силните ветришта ја превртеа приколката што ја влечеше камионот оштетувајќи го несудениот рекордер. Знаејќи го сето ова, сигурно е дека ниту со овој најнов нивни рекорд нема да бидат задоволни.