Јубилеј кој ретко кој го има
» На денешен ден 1981 година во Мексико Volkswagen го произведе 20-милионитиот примерок на Буба. Германскиот производител ги монтираше првите свои возила во оваа земја во 1954 година, но вистинското производство започна во 1962-рата. Пет години потоа беше пуштена новата фабрика во Пуебла, во која денес работат околу 14.000 луѓе.