Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>15 јуни 1936 година (3*видео)

Ремек-дело на Данте Џакоза

» На 15 јуни 1936 година, откако претходно беше претставен на диктаторот и новинарите, започна продажбата на малиот Fiat 500. Популарно наречен Topolino што во превод значи глувче, веднаш ја заинтересира јавноста бидејќи ништо на него не беше непотребно и беше достапен на секој Италијанец. Со лесна каросерија, некои технички напредни решенија и современ аеродинамичен изглед дело на тогаш 28-годишниот Данте Џакоза, успехот не изостана. Тоа што багажникот не се отвораше туку до него се пристапуваше од внатрешноста не пречеше никому, а посебно популарна беше верзијата со платнен покрив. Можеше да повлече до 85 km/h, а постоеше и доставна верзија со носивост од 300 kg, најмногу наменета за потребите на армијата. Ја преживеа војната и се произведуваше сé до 1955 година. Беа направени вкупно 519.847 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *