Tags: , ,
Kia Sonet: Мал SUV, голем потенцијал (видео)

Вистинска Kia во мало пакување

» Развиен примарно за Индија, Kia Sonet е најмалиот SUV на марката со кој Корејците уште еднаш ќе се обидат да ги поместат пазарните граници на сегментот – сега под 4 метри, колку што е долг. Но и покрај малите димензии (за десетина сантиметри е пократок од Stonic но и за скоро исто толку повисок), силен аргумент му е неговиот убедлив дизајн кој му дава голема доза сериозност во настапот. Свежата интерпретација на тигровиот нос делува толку добро што би ја посакале кај сите модели на Kia. Младешкиот дух е интерпретиран со уникатната структура на задниот дел – носачите на покривот и задното стакло кое ги обвиткува. Sonet е посебно впечатлив во неговата GT Line изведба со поагресивна саќеста маска, аеродинамичен боди-кит, хромирани детали, покрив и ретровизори во контрастна боја, црвени клешти на сопирачките…

Внатрешноста за која Корејците велат дека е најдобра во класата се одликува со полу-дигитална инструмент табла, инфо-забавен систем со екран од 10,25 инчи и трикрак мултифункционален управувач. Опременоста, што е типично за марката, е натпросечна – автоматски клима уред, седишта со греење и вентилација, безжично полнење на телефон, Android Auto, Apple CarPlay… Палетата мотори за Индија обединува 1,0 литарски турбо бензинец, 1,2 и 1,5 литарски атмосферски бензинец и 1,5 литарски дизели. Во зависност од моторот ќе се вградува мануелен менувач со 5 или 6 степени, 6-степен автоматик или 7-степен DCT со двојна спојка.

Мало разочарување е што иако беше најавен како глобален модел без да се прецизира за кои региони ќе биде наменет, што даде некоја надеж дека можеби ќе го видиме и во Европа, Kia Sonet досега стигна само до пар земји во околината на индискиот потконтинент, Јужна Африка и неколку јужноамерикански пазари. Во Индија се нуди во вкупно 27 различни изведби, а цените стартуваат од 8.300 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *