Tags: , , , , ,
Mercedes Sprinter како атрактивна влечна служба (видео, фото-галерија)

Во служба на маркетингот

Во денешниот свет маркетингот значи многу, дури и премногу. Знаејќи го тоа, полската компанија Kegger специјализирана за возила за влечна служба најде интересен начин да го сврти вниманието кон своите навистина квалитетни и од инженерска страна функционални производи. Така, сигурни сме дека ако досега не сте слушнале за нив, после оваа вест нема да ги заборавите нивното име затоа што возилото што на основа на Mercedes Sprinter го подготвија, навистина е атрактивно. Од дизајнерска гледна точка сé е перфектно обработено – F1 ливрејата му легна како да е правено специјално за превоз на болидите од најбрзиот циркус на тркала. Во духот на преработките маската е затемнета, всисниците за воздух во браникот се зголемени а додадени се и странични прагови на кабината. Впечатокот го дополнуваат и тркалата од лесна легура со дијаметар од 18 инчи. Посебно атрактивно изгледаат ромбоидните издувни цевки назад, детаљ што сигурно не се очекува да се види на камионче. Длабоко облагороден е и изгледот на кабината за која Полјаците немаат штедено на материјалите, додека механиката е стандардна, преземена од најсилната верзија на Sprinter.

Ова возило е подготвено по повод 25-годишнината од постоењето на компанијата и од него се направени 25 примероци, сите по цена од, машала, 125.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *