Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>24 август 1970 година

Препород на француската марка

» Во време кога гамата се состоеше од застарените Спачек, Dyane, Ami и DS, на денешен ден 1970 година започна продажбата на Citroen GS. Авангарден во секој поглед, ја освои титулата автомобил на годината во Европа и срцата на огромен број купувачи. Го красеше атрактивна аеродинамична силуета, а хидропневматското ослонување му обезбеди беспрекорна стабилност во возењето ултимативен комфор. Неговиот развој, верувале или не, траеше цели 14 години за кои Citroen тражеше решение со кое ќе ја препороди марката. Футуристичката внатрешност го направи целиот пакет сензационален и покрај очигледните механички недостатоци кои ги имаше на почетокот. Моторот му беше четирицилиндричен воздушно ладен боксер, а беше направена и мала серија со ротационен ванкел агрегат. Во 1979 година доби редизајн, петта врата и ознака GSA, а се произведуваше до 1986 година. Беа продадени скоро 2,5 милиони примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *