Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>13 февруари 1899 година

Добро познати и кај нас, ама ретко кој знае за тоа

» На денешен ден 1899 година беше основата италијанската компанија Officine Meccaniche, попозната по кратенката OM, која произведуваше сé што е наменето за транспорт – од автомобили преку камиони и локомотиви до вилушкари. Во 1933-тата контролата над компанијата ја презеде Fiat, по што OM произведуваше главно комерцијални возила. После триесет и пет години како посебна марка беше интегрирана во дивизијата за комерцијални возила на Fiat, за да во 1975-тата биде комплетно апсорбирана од Iveco и после неколку години згасната. Камионите од оваа марка се добро познати и кај нас, но како Fiat, Iveco и Zastava.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *