Tags: ,
Да живее слободата!

Новиот Citroen C3 Aircross пристигна

» Достигнувајќи зрелост а притоа не губејќи ништо од својата уникатност која е унапредена со што покажува понагласен карактер со новиот преден лик и декорациите во боја, новиот Citroen C3 Aircross е подготвен да се претстави пред македонските купувачи кои бараат удобен SUV за активен животен стил. Како дополнение на неговите обележја – модуларноста, просторноста и патничката кабина исполнета со светлина, тој се карактеризира со подобрен комфор добиен со воведување на Advanced Comfort седиштата и корисни технологии за олеснување на секојдневието, вклучувајќи и поголем 9-инчен екран на допир. Со својата цена која започнува веќе од 16.190 евра, C3 Aircross е позициониран во средиштето на Б-SUV сегментот со широка палета на верзии за да одговори на очекувањата на потрошувачите, без разлика дали се приватни или правни лица.

Новиот C3 Aircross е достапен со палета ефикасни мотори со високи перформанси – бензинските PureTech 110 со 6-степен мануелен и PureTech 130 со автоматски менувач, како и BlueHDi 100 дизелот со мануелен и BlueHDi 120 со автоматски менувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *