Tags: , ,
Škoda 1100 OHC (видео)

Чешка убавица

» Развојот на Škoda 1100 OHC започна во 1956 година, а после иницијалните два отворени примерока со пластична каросерија беа направени и две купеа од алуминиум. За жал, заради студената војна не можеа да покажат што можат и беа приморани да останат на тркачките патеки од онаа страна на железната завеса. А можеа многу – тешки 555 килограми, малиот 1,1 литарски мотор со 92 коњски сили ги дотеруваше преку 200 километри на час. Но промените во тркачките правила ги пензионираа предвреме. Купеата преминувајќи во приватни раце го завршија својот живот во сообраќајни несреќи, но експертите на музејот на Škoda успеаја да дојдат до остатоците на едно од нив. Се зафатија со предизвикот да го реставрираат, благодарение на што оваа чешка убавица беше извлечена од заборавот за повторно да блесне со целиот свој сјај. Им благодариме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *