Tags: , ,
Ford Ranger, нова генерација после 11 години (видео)

Најсестран и најспособен Ranger досега

» Ford ја претстави новата генерација на својот глобално популарен пикап. Направен на наследството на своите претходници кое е надградено со поголема удобност, нови технологии и подобрени способности, новиот Ranger го краси помасивен и похрабар дизајн. Мораше така бидејќи 40 отсто од продажбата отпаѓа на Европа, а тукашните купувачи покрај издржливост бараат и софистицираност. Тоа значи дека Ford имаше навистина тешка задача наследникот да биде достоен на името што го носи. Малку неочекувано, дојде до измени на основните пропорции – предната оска е поместена нанапред за 50 милиметри, што се очекува да ги подобри теренските способности. Товарните способности, пак, се подобрени со зголемувањето на ширината на просторот за товар за исто 50 милиметри.

Според изгледот новиот Ranger се доближи до поголемиот F-150 кој не се продава во Европа, но затоа Ranger ќе се продава и во САД. Токму на тоа треба да се благодари што покрај (веројатно) 2,0 литарскиот ќе добие и 3,0 литарски V6 дизел. Точните параметри сé уште не се откриени, но извесно е и задржувањето на 2,3 литарската бензинска изведба а зборовите во прес-соопштението, цитираме: „конструкцијата на предниот дел на Ranger обезбеди поголем моторен простор подготвен за можно усвојување на други погонски технологии во иднина“, што во превод значи дека треба да очекуваме хибрид. Погон на сите тркала секако ќе има.

За новиот Ford Ranger можат да се кажат многу добри работи, но мора да се каже и една лоша – првите испораки во Европа треба да се очекуваат на почетокот на 2023 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *