Tags: , ,
Karoq 2022 од Škoda – подготвен за втората рунда (видео)

Чешкиот кросовер помина низ третман на подмладување

» Интересно, кога се појави во 2017-та не привлече толку внимание како сега кога е подготвено неговото освежување, но самиот тој факт кажува дека Škoda Karoq дебело се вовлече под кожата на купувачите. Тој и понатаму во основа ќе остане таков каков што е – ниту концепцијата, ниту димензиите ќе му се менуваат бидејќи се работи само за негов фејслифтинг кој после четири години на пазарот го заслужува. Затоа и колку што може да се забележи од најавното видео ќе добие нешто потенки светла, а другото останува мистерија. Истото може да се каже и за ознаката 4×4 која досега можеше да се сретне само на најсилните изведби. Кој знае, можеби во Škoda се решиле Karoq во поширок обем да се нуди со погон на сите тркала, иако тоа е слабо веројатно.

За другото тешко дека може нешто да се коментира – јасно е дека ќе ги задржи своите квалитети во однос на пространоста и многуте практични решенија во внатрешноста кои сигурно ќе бидат подобрени, исто како и тоа дека таа дополнително ќе биде дигитализирана. Нема никакви најави за погонските групи, што значи дека во добар дел би биле задржани. Исто така сосема е извесно дека Karoq нема да добие никаква дополнителна електрификација, иако некои се надеваа на негова плаг-ин хибридна верзија. Сепак, за потврда на тоа треба да почекаме уште некој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *