Tags: , , ,
Ford и Volvo се здружија во еколошки сојуз

Еколошки баланс меѓу двете компании

» За да ги контролира емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина а со тоа и климатските промени, развиените западни земји имаат воведено таканаречен систем на CO₂ квоти. Тие во согласност со дејноста и обемот на производство им се доделуваат на секоја компанија поединечно – доколку се случи некоја да емитува повеќе јагленород диоксид од тоа, следуваат високи казни. Во случајот со автомобилската индустрија под ваквите одредби потпаѓа и просечната емисија на јагленород диоксид која ја емитуваат возилата што ги произведуваат. Дополнително, за да се наградат оние чиј процес на производство е почист и тежнеат кон CO₂ неутралност, тие можат да го продадат вишокот од своите квоти на оние кои имаат помалку еколошки технологии, или пак формално да делуваат здружени, како една компанија. Токму такви се актерите во оваа вест.

Имено, за да избегне високи казни од ЕУ, Ford склучи договор за еколошко здружување со Volvo со што во иднина двете компании ќе настапуваат заеднички во системот на CO₂ квоти. Значајно е и тоа што Volvo Cars и Polestar кои спаѓаат под чадорот на групацијата Volvo сé уште имаат вишок квоти за емисии на јагленород диоксид кои можат да ги продадат на другите производители кои се борат да ги исполнат строгите правила за штетните гасови на Европската Унија. Од Volvo уште изјавија и вака стекнатите приходи ќе бидат реинвестирани во нови проекти за зелени технологии. Сумата која Volvo ќе ја инкасира не е објавена, но се проценува дека на Ford му се закануваат меѓу 500 и 600 милиони долари казни само за третиот и четвртиот квартал годинава бидејќи ги има надминато лимитите за 1,4 g/km. На Volvo му беа одредени 110,3 g/km CO₂ за 2020-тата, а за осум месеци годинава тој ја спушти просечната емисија на својата гама на 103,1 g/km.

Овој пример на еколошко здружување не е единствен во автомобилската индустрија – Fiat Chrysler одамна настапува заеднички со Tesla, а неодамна VW неодамна потпиша таков договор со кинескиот MG. Еколошки партнер бара и Renault, а Jaguar Land Rover веќе одвои 90 милиони фунти за да си ги плати казните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *